10 Haziran 2013 Pazartesi

Топографска анатомија на нога

          Топографска анатомија на нога


 Главен дел

Топографски долниот екстремитет е поделен на пет предели:
v  Колк или бедро (coxa)
v  Натколеница или бут (femur)
v  Колено (genu)
v  Потколеница (crus)
v  Стапало (pes)
1. Колк или бедро (coxa)
Колкот претставува дел од коренот на долниот екстремитет. Неговиот заден дел е претставен со единствен слободен дел кој се нарекува седелен предес (regio glutea). Пределот е  ограниче горе со бедрен гребен (crista iliaca), доле со длабока кожна седелна бразда (sulcus gluteus), однадвор со надолжна линија спуштена од spina iliaca anterior,  одвнатре со бочна страна на крстна коска и тртна коска.
Седелниот предел е приближно четвртас, на сите четири агли може да се напипаат четири коскени испакнувања и тоа:
·         Горе и надвор –spina iliaca anterior superior
·         Горе и внатре – spina iliaca posterior superior
·         Долу и надвор – trochanter major
·         Долу и внатре – trochanter ischiadicum

1.1  Слоеви на седалниот предел
·         Кожа дебела и подвижна богата со лојни жлезди
·         Поткожен слој богат со масно ткиво
·         Површински садови и нерви(Горни седални нерви – n.clunium superioris, средни седални нерви –n.clinium medii, долни седални нерви – nn.clinum inferioris)
·         Фасција
·         Мускулен слој (m.gluteus maximus, m.gluteus medius, m.gluteus minimus)
Под мускулите се наоѓаат два топографски значајни отвори, тоа се големиот и малиот седелен отвор ( foramen ischiadicum majus et minus) кои се ограничени со големиот и малиот седален засек на карлична коска (incsura ischiadica major et minor) и две фиброзни врски (lig. Sacrotuberale et lig.sacrospinale).
2.Натколеница или бут (femur)
Натколеница претставува горен дел на ногата, се протега меѓу колкот и коленото.Со помош на бутната коска се дели на два дела : преден дел на бутот (regio femoralis anterior) и заден предел на бутот (regio femoralis posterior). Натколеницата горе и однапред е означена со препонска дипла (plica inguinalis), а одзади  со кожна седелна бразда (sulcus gluteus).
2.1 Преден дел на натколеница (region femoris anterior)
Предниот дел на натколеницата го сочинуваат меките делови од предната страна телото на бутната коска. Предниот дел во целост е испакнат.
Слоеви на предниот дел се:
·         Кожа дебела во надворешен дел, тенка и мека во внатрешниот дел
·         Поткожен слој кој содржи наслаги од масно ткиво
·         Површински садови и нерви( површинска артерија- a.femoralis, главна површинска вена – v.saphena magna, како и површински препонски лимфни јазли – nodi lymphatici inguinales superficialis, површински нерви – n.cutaneus femoralis lateralis, n. femoralis, n.obluratorius)
·         Фасциа
·         Мускулен слој (m.tensor facies latae, m.iliopsosas, m.sartorius, m.quadrices femoris, m. Pectineus, m.adductor longus, m.adductor brevis, m.adductor magnus, m.gracilis)
·         На предниот дел му припаѓаат и Скарповиот бутен  триаголник, бутниот канал, Хунтеровиот канал на аддуктори, запречниот канал.



Слика 1.Колк / Натколеница

Скарповиот бутен триаголник  (trigonum femorale) е ограничен горе со lig.inguinale, латерално со m.sarotius, медијално со m.adductor longus, додека дното го чини m.iliopsosas et. m.pectineus.Во него се наоѓаат n.femoralis и  a.et.v.femoralis.
Бутниот канал (canalis femoralis) го завзема внатрешниот дел од Скарповиот триаголник и претставува слаба точка каде може да навлезе бутна хернија.
Хунтеровиот канал на аддуктори (canalis adductorius) е сместен во долниот внатрешен дел од предна страна на бутот, ограничен со мускули аддуктори на бутот и низ него поминуваат a. et. v .femoralis и n.saphenus.
Запречниот канал (canalis obturatorius) се наоѓа длабоко во горниот внатрешен дел од бутот и претставува комуникација меѓу карличната празнина и предниот дел на бутот.Низ него поминуваат n.obturatorius и  a.et.vv.obturatoriae.
·         Длабоки садови и нерви
2.2 Заден дел на натколеница (regio femoris posterior)
Задниот предел на потколеница го сочинуваат  меките делови зад бутната коска.Тој се состои од:
·         Кожа, дебела и подвижна
·         Поткожен слој со површински нерви (n.cutanus femoris posterior)
·         Фасциа
·         Мускулен слој (површински и длабок слој)
·         Длабоки садови и нерви
·         Длабоки лимфни садови и нерви
3.Колено (genu)
Коленото ги спојува натколеницата и потколеницата, ги спојува меките делови околу колениот зглоб.Тоа се дели на два предела: преден предел на колено (regio genus anterior) и заден предел на коленото (regio genus posterior).  Во длабината на задната регија се наоѓа мускулно-кожен простор или задколена јама (fossa poplitea).
3.1 Преден предел на коленото (regio genus anterior)
Предниот дел го сочинуваат меки ткива коишто го покриваат однапред и бочно колениот зглоб.На предниот дел при испружено колено се забележува едно триаглесто испакнување кое одговара на чашката.Над испакнувањето има вдлабнување од тетивата на m.quadriceps femoris,а долното на чашкината врска (lig.patellae).На бочните страни се палпираат кондилите на бутната коска, тибијата и глава на фибула.
Слоевите на овој дел се:
·         Кожа
·         Поткожен слој со две слузни кеси ( busra subcutanea praepatellaris et. bursa subcutanea infrapatellaris)
·         Површински садови и нерви (v.saphena magna, n.cutaneus femoris lateralis, n.sapheneus)
·         Фасција
·         Тетивен слој  (m.tensor fascia latae, m.guadriceps femoris, m.sartorisu, m.gracilis, m.semitendinosus)
·         Длабоки крвни садови и нерви (a.femoralis, a.poplitea, a.tibialis anterior)
3.2 Заден предел на коленото (region genus posterior)
Задниот предел на коленото е вдлабнат и има форма на издолжен ромб кој одовара на задколенската јама (fossa poplitea).
 Слоеви на задниот предел се:
·         Кожа,мазна и тенка
·         Поткожен слој
·         Површински садови и нерви (n.cutaneus femoris)
·         Фасциа
·         Задколенa јама (fossa poplitealis) - Дното на задколената јама го сочинуваат fascia poplitea од задната страна на бутната коска,задната страна од сглобната капсула на колениот зглоб и m.popliteus, а задниот ѕид го сочинува фасција на задниот предел на коленото. Горните бочни ѕидови се ограничени латерално со m.biceps femoris, медијално со m.semimembranosus et. m.semitendinosus.  Долните бочни ѕидови се претставени со латерална и медијална глава на  m.gastrocnemius.
·         Крвни садови  нерви (a.v poplitea, n.tibialis)
4.Потколеница (crus)
Тоа е долен дел од ногата кој се протега од коленото до стапалото.Со помош на коските е поделена на преден предел на потколеница (regio cruris anterior) и заден предел на потколеница (region cruris posteriot). Горната граница на потколеницата е означена со замислена кружна линија која поминува непосредно под tuberositas tibiae, ја оделува потколеница од коленото. Долната граница претставува коса рамнина што поминува однапред преку врвот на аголот при дорзална флексија на стапало кон потколеница,а одзади преку врвот на петицата.
4.1 Преден предел на потколеница (regio cruris anterior)
Предниот предел наликува на исправен, издолжен правоаголник.На него се палпира предниот раб (margo anterior) на тибијата кој наликува на издолжена буква S.





Слика 2.Колено / Стапало
Слоеви на овој предел:
·         Кожата е дебела и подвижна
·         Поткожен слој
·         Површински садови и нерви (n.peroneus superficialis, n.cutaneus dorsalis medialis, n.cutaneus intermedius)
·         Фасција на потколеница (fascia cruris)
·         Мускули (m.tibialis anterior, m.extensor hallucis  longus, m.extensor digitorum longus, m.peroneus tertius, m.peroneus longus et m.peroneus brevis)
·         Длабоки садови и нерви (a.tibialis anterior, vv.tibialis anterioris, n.peroneus communis)
4.2 Заден предел на потколеница (region cruris posterior)
·         Кожа
·         Поткожен слој од масно ткиво
·         Површински садови и нерви (v.saphena magna , e.saphena parva, nodi lymphatici poplitei, n.cutaneus surae lateralis,n.cutaneus surae medialis, n.sapheneus)
·         Фасција
·         Мускулен слој (m.triceps surae, m.plantaris, m.flexor hallucis  longus, m.flexor digitorum longus)
·         Длабоки садови и нерви (a.tibialis posterior, a.peronea, vv.tibialis posterior, vv.peroneus, n.tibialis)
5.Стапало (pes)
Стапалото е завршен дистален дел од ногата одејќи од назад нанапред се дели на три основни дела : корен или тарзус (tarsus),  докорен или метатарзус (metatarsus) и прсти на стапало (digiti pedis)
На стапалото се разликуваат три предели :
Ø  Дорзален предел на стапало (dorsum pedis)
Ø  Долен дел на табан (planta pedis)
Ø  Регија на петтата (regio calcanea)
5.1. Дорзален предел на стапалото (dorsum pedis)
Дорзалниот предел го сочинуваат меки ткива од горната дорзална страна на коските од стапалото.
Слоевите на овој предел се:
·         Кожа, тенка и подвижна
·         Поткожен слој од растресито сврзно ткиво
·         Површински садови и нерви (rete venosum dorsalis pedis, v.saphena parva et magna, n.sapheneus, n.cutaneus dorsalis medialis,lateralis et intermedius)
·         Дорзална фасција (fascia dorsalis pedis)
·         Мускулен слој (m.tibialis anterior, m.extensor hallucis longus, m.extensor digitorum longus, m.extensor digitorum brevis, mm.interossei dorsales)
·         Длабоки садови и нерви (a.dorsalis pedis,  n.peroneus profundus)
5.2 Табан (planta pedis)
Табанот го сочинуваат меките делови од долните страни на коските и зглобовите на стапалото. На внатрешната страна од стапалото, а особено во пределот на внатрешниот зглоб е изразен свод на стапалото. Сводот е конкавен во сагитална и напречна насока. Сагиталниот конкавитет го одржува табанската апоневроза (aponeurosis plantaris), а напречниот m.peroneus longus i m.tibialis posterior.
Слоеви на табанот се:
·         Кожа
·         Поткожен слој богат со масно ткиво
·         Површински садови и нерви (rete venosum plantare)
·         Табанска апоневроза (aponeurosis plantaris)
·         Мускулен слој - Средна ложа (површински слој –m.flexor digitorum brevis, втор слој – m.flexor digitorum longus, m.quadratus plantae, mm.lumbricales, m.flexor hallucis longus, трет слој -  m.adductor hallucis, m.peroneus longus,  најдлабок слој – mm.interossei plantares, spatial interossea metatarsi), Надворешна ложа (m.adductor digiti minimi, m.flexor digiti minimi brevis), внатрешна ложа (m.adductor hallucis, m.flexor hallucis brevis, m.flexor hallucis longus).

·         Длабоки садови и нерви (a.plantaris lateralis, a.plantaris medialis, n.plantaris lateralis, n.plantaris medialis).